ВРАБОТЕНИТЕ ЖЕНИ СЕ ПООБРАЗОВАНИ, НО ПОМАЛКУ ПЛАТЕНИ ОД МАЖИТЕ

ВРАБОТЕНИТЕ ЖЕНИ СЕ ПООБРАЗОВАНИ, НО ПОМАЛКУ ПЛАТЕНИ ОД МАЖИТЕ

Жените во Република Северна Македонија се соочуваат
со длабоко вкоренета дискриминација, на која укажуваат
и големите родови разлики во вработеноста:дури 59%
е надвор од категоријата активна работна сила поради
своите семејни обврски.

Вработените жени претставуваат посебна структура на активна работна сила на пазарот на трудот. Поаѓајќи од психофизичките карактеристики на оваа група на вработени, законодавнството во Р. Северна Македонија се придружува на современите меѓународни и компаративни извори,
во кои песебен акцент се посветува на заштита на младите и жените. Станува збор за заштитена категорија на работници, од чија што сигурност и заштита на работа зависи благосостојбата и напредокот, но и зголемениот наталитет, како поддршка во креирањето на развојните социјални политики на секоја држава.

За жал, кај работниците во Северна Македонија сè уште постои страв да пријават случаи на дискриминација. Иако родовата дискриминација очигледно постои во практиката, таа останува скриена од очите на јавноста. Затоа борбата против дискриминацијата е приоритет на ССМ во досегашната постапка за донесување на новиот Закон за работни односи, како и во постапките за измени на законската регулатива во јавниот сектор. 

Клучната цел е целосно да се обезбеди принципот – еднаква плата за еднаква работа или работа со еднаква вредност, бидејќи тоа е услов за обезбедување социјална правда, демократија и општество без дискриминација.

Повеќе од половина од жените се неактивни на работа

Вработувањето во Северна Македонија се карактеризира со многу неповолна родова структура на населението. Ваквата структура долго време останува непроменета, пред се поради нестабилните економски и социјални услови во земјава и неусогласеноста меѓу достапните профили и оние кои се бараат на пазарот на трудот.

Жените во Северна Македонија се соочуваат со длабоко вкоренета дискриминација, како што е потврдено од големите постоечки родови јазови во вработувањето и учеството во работната сила. Повеќе од половина (59%) од жените се надвор од категоријата активна работна сила поради нивните обврски и одговорности за грижа за семејството, особено за децата.

Според податоците на Државниот завод за статистика (СТАТ), во третиот квартал од 2022 година, вкупното работоспособно население броело 808.328 лица. Меѓу нив имало 693.062 вработени и 115.266 невработени лица. 

Стапката на активност во тој период изнесува 55,2 отсто, стапката на вработеност 47,3 отсто, а стапката на невработеност 14,3 отсто. Од вкупно 693.062 вработени, 399.787 или 57,7 отсто се мажи, додека вработени се 293.275 жени, што претставува 42,3 отсто од вкупниот број на вработени.
Од вкупно вработените мажи, 22,76 отсто, односно 90.977 лица со високо образование. Кај жените тој процент е значително поголем – дури 103.797 од нив или 35,39 отсто од вкупниот број работници биле жени со високо образование.
Најновите податоци на Меѓународната организација на трудот покажуваат дека жените се платени за 18 до 19 % помалку од мажите на иста работна позиција.
Во Северна Македонија, има уште поголема разлика во вработувањето меѓу мажите и жените на село.
Жените на пазарот на трудот обично се поизложени на прекршување на нивните работнички права, бидејќи се позастапени во трудоинтензивните гранки на индустријата. Дури 80 % од жените се вработени во текстилната, кожарската и конфекциската индустрија, каде кршењето на правата е вообичаена практика, а платите се исклучително ниски.

Напори за намалување на родовиот јаз
во платите

Социјалните партнери преку социјален дијалог во Економско-социјалниот совет, во кој активно учествува Сојузот на синдикати на Македонија како единствен репрезентативен синдикат, имаат можност и потенцијал значително да го намалат родовиот јаз во платите. Четири инструменти треба да го овозможат тоа.

• Првиот инструмент треба да биде насочено зголемување на платите за да се компензира концентрацијата на жените во интензивните и ниско платените индустрии.
• Друго би било да се воспостави специфичен родово неутрален план за класификација на занимањата со цел да се намали потценувањето на занимањата во кои доминираат работничките.
• Третиот инструмент е воведување мерки за унапредување на транспарентноста на платите
со цел да се постигне напредок во борбата против родовата дискриминација во однос на платите.
• Четврто и исто така многу важно би било воспоставувањето на родово неутрални критериуми
за напредување во кариерата.

Родовиот јаз е спротивен на Конвенцијата 100 на МОТ за еднаков надоместок на машкиот и женскиот труд за работа од еднаква вредност, а исто така не е во согласност со македонскиот Устав, како и со клучните прописи за работни односи – Законот за работни односи, Законот за забрана. за дискриминација и Законот за еднакви можности на мажите и жените. Во Сојузот на синдикати на Македонија сметаат дека е потребно про- ширување на прашањето за родовиот јаз. На пример, со почитување на колективните договори може да се најде поефективно решение за над- минување на родовиот јаз, особено во заработката.
Исто така, треба да се поттикне помасовно синдикално органи- зирање на женскиот дел од на- селението, бидејќи денес тоа е на многу ниско ниво.

Стручна служба ССМ

SAVEZ SINDIKATA
MAKEDONIJE
www.ssm.org.mk