МИНИСТРИТЕ БЕГААТ ОД СИНДИКАЛНА ТУЖБА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА

МИНИСТРИТЕ БЕГААТ ОД СИНДИКАЛНА ТУЖБА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА

Сојузот на синдикати на Ма- кедонија (ССМ) поднесе тужба против Владата за заштита од дискриминација во име на работниците, но на прво- то рочиште одржано на 3 февру- ари не се појави ниту еден од обвинетите – ниту премиерот, ниту некој министер или нивниот претставник.

Ниту еден од највисоките држа- вни функционери кои се платени од даночните обврзници, а со тоа и од работниците, не се осмели да ги објасни неоправдано нееднаквите плати на работниците пред судот.

Претставниците на ССМ пред судот, министрите го избегнаа соочувањето

ССМ основата за тужбата ја најде во тоа што приближно 138.000 работници во јавниот сектор биле различно третирани при пресметката и исплатата на платите. Дискриминација имало и на работните места за кои е потребно ист вид и степен на стручно образование, ист работен стаж, ист обем на работа и услови за извршување на работните задачи. Со тоа се нарушува принципот содржан во меѓународните документи дека мора да се плати еднаква плата за работа од еднаква вредност. Но, вака не постапуваат клучните работодавачи во јавниот сектор – Владата, министрите и другите претставници.

Во ССМ сметаат дека делувањето или непостапувањето на Владата на Северна Македонија дискриминирало голем број вработени во јавниот сектор. Владата грубо го крши принципот на еднаквост на граѓаните и работниците, регулиран во член 9 од Уставот, со неусогласување на платите
на вработените, а каде што го прави тоа, го прави без објективни услови и критериуми, односно според волја на одделни министри.

ССМ ќе ја продолжи законската борба за плати, а доколку треба и ќе отвори заеднички фронт со работниците против неприфатливото однесување на државните службеници.

Стручна служба ССМ

Projekat saradnje između Evropske konfederacije sindikata (ETUC) i regionalne mreže “SOLIDARNOST” uz podršku Evropske komisije.

SAVEZ SINDIKATA
MAKEDONIJE
www.ssm.org.mk