
РОДОВ ЈАЗ ВО ВРАБОТЕНОСТА, ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ
онфедерацијата на слободни синдикати на Македонија се заложува за целосна рамноправност на жените и мажите на пазарот на трудот и се спротивставува на родовата дискриминација.
За жал, достапните податоци покажуваат дека жените се помалку вклучени во работните процеси за разлика од мажите и дека генерално се помалку застапени на пазарот на трудот.

Родовата нееднаквост на пазарот на трудот ја потврдуваат официјалните податоци дека во третото тримесечие од 2022 година, 57,7 % од вработените во Македонија биле мажи, а само 42,3 % жени. За родовата нееднаквост говори и големиот јаз во платите и пензиите. Што се однесува до платите, нема точни податоци за овие разлики, бидејќи Државниот завод за статистика во својата методологија нема вклучено индикатор што би го покажал тоа. Нема веродостојни податоци ниту за пензискиот јаз, иако информациите со кои располага Евростат покажуваат дека во 2019 година пензиите кои ги земаат жените биле во просек за 19 % помали.
Државата од време на време прави напори да го намали родовиот јаз и во вработеноста и во платите, но тоа не е доволно бидејќи недостасува добра стратегија која што ќе го овозможи тоа.
Од друга страна, синдикатите немаат доволно време да се справат со овие проблеми кои што се суштински важни, бидејќи речиси секојдневно се соочуваат со кршење на основните работнички права загарантирани со закони и колективни договори. Затоа, наместо да се работи на унапредување на работните процеси, синдикатите се принудени да се борат за задржување на веќе стекнатите работнички права.
Stručna služba KSSM