
Со новиот Колективен договор се зголемија платите во македонските градинките
Новиот Колeктивен договор во дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца во Северна Македонија неодамна беше потпишан од страна на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерката за труд и социјална политика (МТСП) Јована Тренчевска.
Новиот договор предвидува значителни поволности за вработените во градинките, односно давателите на услуги во јавните установи ќе добијат зголемувањето на платите за 15%, како и нивно редовно усогласување со секое зголемување на минималната плата.
Новиот колективен договор е значително поповолен за воспитувачките: Јаким Неделков и Јована Тренчевска
За членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), кој е грански синдикат на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, важно е тоа што со новиот договор се надминува долгогодишниот проблем со пресметување на работното време на воспитувачите и негувателите за спроведување на други програмски активности во установата или надвор од неа.
Новитет е тоа што обезбеден е и регрес за годишен годишен одмор како и четиричасовно платено отсуство од работа во текот на месецот за вршење на лични и итни потреби на вработените. Зголемени се и правата за слободни платени денови во текот на календарската година, а воведени се и јубилејни награди за вработените.
Колективниот договор вклучува и учество на синдикални претставници во комисии во установата, формирани од директорот; се воведува правото на приправникот по втор пат да полага приправнички испит и се продолжуваат роковите за пријавување на огласи за вработување во градинките.
Со новиот колективен договор се уредува поблиску начинот на распоредување на работникот, се зголемуваат обврските на работодавачот во областа на безбедноста и здравјето при работа и се обезбедуваат дополнителни поволности за членовите на синдикатот во градинките.