Мобилна апликација – Моите работнички права

Мобилна апликација – Моите работнички права

Сојузот на синдикатите на Македонија ја креираше првата бесплатна мобилна апликација ССМ – Моите работнички права, која во првата половина од годинава ја искористиле 12.612 работници.
Апликацијата е имплементирана со поддршка на Европската конфедерација на синдикати во рамките на проектот „Синдикатите за правично закрепнување: зајакнување на улогата на синдикатите во ублажување на влијанието на кризата COVID-19“ финансиран од Европската комисија (Генерален директорат за Вработување, социјални работи и инклузија).

Во првите шест месеци од годинава, голем број работници се запознаа со мобилната апликација ССМ – Моите работнички права, која им овозможува на работниците и граѓаните многу едноставно, користејќи мобилен телефон, да пријават повреда на работничките права до Сојузот на Синдикати на Македонија. Апликацијата ги нуди следните опции:

Мобилна апликација ССМ - Моите работнички права

Пријавете повреда на права за себе или за друго лице; Анонимно најавување; Директна комуникација со претставници на ССМ; Следете ги новостите и советите на ССМ.

Се покажа дека на овој начин ССМ допира до голем број млади луѓе кои најчесто ја користат мобилната апликација (53% од вкупниот број корисници).

                                                                                                                                                                                                                                                                                 Мобилна апликација ССМ – Моите работнички права

Меѓу корисниците 69% се мажи. Посебно е интересно што 59% од корисниците не се членови на синдикатот. Пријавите се претежно анонимни (61%), а меѓу пријавите има и поплаки поради различни повреди на работничките права (94%). Од вкупниот број на пријави, 41% се решени во корист на работниците, додека 59% ја чекаат реакцијата на Државниот инспекторат за труд.
Споменатите резултати укажуваат дека дигитализацијата на синдикалните услуги значително придонесува за видливоста на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој работниците го препознаваат како единствен заштитник на работничките права.

Стручна служба на Сојузот на синдикати на Македонија

СОЈУЗ НА СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА
www.ssm.org.mk